Во интервју за The Reluctant Traveler принцот Вилијам најавува промени во монархијата

„Сакам да создадам свет во кој мојот син ќе биде горд на тоа што го правиме – свет и работа кои навистина имаат позитивно влијание врз животите на луѓето.“

Во едно од неговите најлични интервјуа досега, Принцот од Велс ја изложи својата визија за монархијата. „Сакам повеќе да ги преиспитувам работите,“ му изјави тој на актерот Јуџин Леви во интервју направено во замокот Виндзор за серијата The Reluctant Traveler на Apple TV+.

Вилијам додава: „Сакам да создадам свет во кој мојот син ќе биде горд на тоа што го правиме – свет и работа кои навистина имаат позитивно влијание врз животите на луѓето.“

Неговиот најстар син, принц Џорџ, кој во јули наполни 12 години, е наследник на тронот. Неговиот втор син, принц Луис, има седум години, а ќерката, принцеза Шарлот, е стара 10 години.

Вилијам откри дека неговите деца сè уште немаат мобилни телефони затоа што сака да ги заштити од она што го преживеал тој и неговиот брат Хари во младоста – алудирајќи на медиумскиот притисок и навлегувањето во приватноста, кои ја следеа и нивната мајка, принцезата Дијана.

Медиумите беа незаситни,“ рече Вилијам. „Сакаа секој детаљ што можат да го добијат – беа насекаде. Ако тоа го пуштите да влезе во вашиот живот, може сериозно да ви ја наруши семејната динамика. Ветив дека тоа нема да му се случи на моето семејство.

Говорејќи за својата визија за промени, Вилијам рече:
Ги прифаќам промените и ми се допаѓаат – не ме плашат. Тоа е делот кој ме возбудува – идејата дека можам да донесам некаква промена. Не премногу радикална, но неопходна.“

Тој додаде:
Мислам дека традицијата е многу важна и дека има своја голема улога. Но понекогаш треба да се прашаме: ‘Дали тоа сè уште има смисла денес? Дали тоа е сè уште вистинската работа? Дали правиме сè што можеме за да имаме позитивно влијание?‘“

На прашањето дали размислува за тоа дека еден ден ќе стане крал, Вилијам одговори:
„Не се будам секое утро со таа мисла. За мене е најважно да бидам автентичен, свој и искрен. Можете да ми доделите какви сакате титули, но ако не сум верен на себе – сето тоа нема вредност.“

Ги сфаќам своите улоги и одговорности многу сериозно, но важно е – како што реков – тие да не ве поседуваат вас, туку вие нив.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни