Во Холандија најдобро се говори англискиот јазик

Македонија ја нема на ранг листата на Education First (EF)

Секоја година, глобалната образовна компанија Education First (EF) прави ранг листа на земјите според својот Индекс за познавање на англискиот јазик (EPI).

Анализирајќи ги резултатите на 2,1 милиони луѓе на кои англискиот не им е мајчин јазик, а кои ги полагаа стандардните тестови за англиски јазик на EF, на секоја земја и дава рангирање од 800 поени. Годинава, резултатите покажаа општ пад на владеењето на англискиот јазик, при што жените и студентите имаат најслаби вештини.


Исто како во 2023 и оваа година, Холандија повторно е на врвот со 636 поени, со најдобро познавање на англискиот, како втор јазик и во Европа и од 116 земји на глобално ниво.

Исто така, меѓу првите земји со „многу високо знаење“ се Норвешка, која стигна на второто место на глобално ниво со 610 поени и Шведска, која го зазеде четвртото место со 608 поени. Високо на листата се и Хрватска, Португалија, Данска, Грција и Австрија. Во европски земји со „високо владеење“ на англискиот јазик се вброени Германија, Романија, Белгија, Финска и Полска.

Од друга страна, во Турција (65-то место) и во Азербејџан (86-то место) навистина ќе се мачите да ве разберат. И двете земји се во категоријата „ниско знаење“ на англискиот јазик.

Куриозитет е што во Франција продолжува да опаѓа бројот на луѓе коишто го познаваат англискиот јазик. Во 2021 година земјата била на 31 место на глобално ниво, лани на 43-то, а годинава падна уште повеќе на 49-то место на глобално ниво со 524 поени.

Италија е само на неколку места над Франција на 46-то место со 528 поени, додека Шпанија се наоѓа на 36-тото место со 538 поени. Тие беа поразени од Грузија и Белорусија, на 34-то и 35-то место на глобално ниво. Други европски земји во категоријата „умерено владеење“ се Молдавија, Албанија, Русија, Украина и Ерменија.

Education First (ЕФ) ги следи трендовите од објавувањето на својот прв Индекс за познавање на англискиот јазик EPI во 2011 година. Станува збор за најголемото меѓународно истражување за вештините на англискиот јазик по земји, главни градови и региони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни