Во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5,4 степени, почувствуван и во Атина

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди грчкиот остров Евиа и беше почувствуван во Атина. Нема пријавени жртви или поголема штета, но жителите ноќта ја поминаа на отворено.

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска кај грчкиот остров Евиа и силно се почувствувал во Атина, соопшти Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на потресот, кој се случил околу 00:30 часот по локално време (23:30 по средноевропско време), бил во морето, на 45 километри североисточно од главниот град Атина и само 4 километри од летувалиштето Неа Стира, на југозападниот дел од островот Евиа – вториот најголем остров во Грција.

Земјотресот бил почувствуван низ целата област Атика, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите.

Многу жители на Неа Стира ја поминале ноќта на отворено или во своите автомобили, плашејќи се да се вратат дома поради можни нови потреси.

Според информациите од противпожарната служба, засега нема пријави за жртви или поголема материјална штета.

Две единици од службата за справување со природни катастрофи се ставени во состојба на зголемена подготвеност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни