Во Градски парк Скопје се одржува ПетФест 2025

Денеска во Паркот на Франкофонија, Градски парк Скопје со почеток во 10 часот ќе се одржи „ПефФест 2025“. Настанот се одржува под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, а влезот е слободен.

На денешниот „ПетФест 2025“ учествуваат докажани професионалци од сите сфери на милениците од сите градови од Македонија и од соседството. Пет индустријата ќе ги прикаже своите достигнувања во ветеринарната медицина и фармакологија, европски и светски кинолошки шампиони, службени кучиња од единицата на МВР К9, дресура на млади кучиња, хендлинг професори, стилисти за миленици, дегустација на храна и на сокови за кучиња, добитници на награди со мачки, соколари и одгледувачи на големи папагали, автохтони македонски раси македонски паничар, шарпланинец и караман, зоолошка градина на средното ветеринарно училиште …

Целосниот настан е исполнет со многу изненадувања како Забавни игри и активности за миленичиња, Едукативни работилници за деца и возрасни, Награди на натпревари: Look alike, Најдремко, Опасен поглед, Изложбена Пет Арт Галерија и детско ликовно катче, Food Corner (храна и пијалоци) …

Од организацијата упатуваат повика да се почитува куќниот ред на настанот : милениците да се држат на поводник, сопствениците да си понесат ќесички за да исчистат после нив, и сите кучиња да бидат чипирани и вакцинирани …

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни