Агенцијата за цивилна заштита во Газа соопшти дека од почетокот на прекинот на огнот пронашла тела на 150 Палестинци, додека 9.500 луѓе сè уште се водат како исчезнати.
Оттаму, додаваат дека 300.000 луѓе пристигнале во градот Газа од почетокот на прекинот на огнот.
Околу 700.000 луѓе од градот Газа и северните области беа раселени за време на последната израелска офанзива, која вклучуваше силно воздушно бомбардирање додека копнените трупи напредуваа во густо населените области.
Хамас: 5.000 хуманитарни и други мисии спроведени од почетокот на прекинот на огнот
Владините институции во Газа, кои се под администрација на Хамас, во соопштението наведоа дека спровеле повеќе од 5.000 мисии во последните 24 часа откако стапи на сила прекинот на огнот. Ова вклучува 1.200 хируршки процедури, итни третмани и медицински прегледи.
Полицијата и градските служби, исто така, спроведоа пронаоѓања на тела и отстранување на урнатини, се вели во соопштението.
Други напори вклучуваат обновување на водоводните и канализациските мрежи, повторно отворање на улиците и дистрибуција на пакети со храна, се вели во соопштението.