Во експлозија во пристаништето на југот од Иран повредени најмалку 115 лица

„Силна експлозија се случи на кејот во пристаништето Шахид Раџаи“, кое се наоѓа повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран, изјави Есмаил Малекизадех, претставник на управата на пристаништето, за државната телевизија.

Најмалку 115 лица се повредени во пожар и силна експлозија која денеска го погоди пристаништето на југот од Иран, објави државната телевизија, според најновиот биланс на настраданите.

Претходно, иранската агенција Тасним јави дека во експлозијата во пристаништето Шахид Раџаи биле повредени 47 лица кои биле пренесени во болница.

„Силна експлозија се случи на кејот во пристаништето Шахид Раџаи“, кое се наоѓа повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран, изјави Есмаил Малекизадех, претставник на управата на пристаништето, за државната телевизија.

Агенцијата AP јавува дека пристаништето Раџаи главно прима контејнери, но исто така има и резервоари за нафта и други петрохемиски постројки.

Засега не е позната причината за експлозијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни