Истражувачите од Универзитетот во Копенхаген и специјализираната јавна болница Ригшоспиталет развија нов пристап во лекувањето на канцер на панкреасот, еден од најсмртоносните видови на рак, кој досега беше исклучително тежок за лекување,
Ракот на панкреасот често се дијагностицира во доцните фази кога симптомите се веќе присутни и болеста се проширила, поради што е невозможно целосно да се отстрани со операција. Според статистичките податоци, само 12 отсто од мажите и 14 отсто од жените преживуваат пет години по дијагнозата.
Студијата воведува нова техника
Сепак, нова студија со помош на техниката ADC (конјугати на лекови против антитела, молекули формирани со поврзување на две или повеќе различни состојки, често со цел да се подобри ефикасноста или насоченото дејство на лековите), која веќе покажа успех во лекувањето на други видови на рак , носи ветувачки резултати.
Оваа терапија овозможува прецизно уништување на клетките на ракот и нивните потпорни клетки, кои овозможуваат раст на туморот, ослободувајќи токсини кои ги уништуваат соседните канцерогени клетки.
pancreatitis-shutterstock-2303623913.jpg
Нова студија со ADC техника која веќе покажа успех во лекувањето на други видови на рак. Фото: Shutterstock
Експертите ја развија оваа техника за да можат да ја тестираат на луѓе, а тоа вклучува „хуманизирање“ на антителата, така што имунолошкиот систем го препознава третманот како природен и го прифаќа, што е клучно за безбедноста и ефективноста на третманот.
Минимални несакани ефекти
Третманот со ADC е значително попрецизен и има минимални несакани ефекти во споредба со традиционалните хемотерапии, бидејќи ги таргетира само заболените клетки, додека здравите остануваат недопрени.
Со оглед на високата стапка на смртност од рак на панкреасот, овој третман би можел да биде чекор напред во лекувањето, а истражувачите се надеваат дека наскоро ќе започнат клинички испитувања.
Иако сè уште не е одобрена за употреба во третман на рак на панкреасот, терапијата со ADC има потенцијал да се користи за лекување на други тешки и поотпорни видови на рак, како што се тројно-негативниот карцином на дојка и ракот на дебелото црево, каде што има итна потреба за подобри терапии.
Нова надеж за пациентите
Со континуирано истражување, овој иновативен третман може да го отвори патот за поефективен начин за борба против најсмртоносните видови на рак и да им понуди надеж на пациентите кои досега имаа многу ограничени опции за третман, велат истражувачите.