Во чест на Денот на македонскиот јазик и 80 години од неговата кодификација се одржа работилница за децата кои живеат во Мадрид

Во пресрет на 5 мај – Денот на македонскиот јазик и 80 години од неговата кодофикација во организација на Шпанско-Македонско културно здружение “Сонце” Asociación Cultural Hispano -Macedonia SONCE, денеска се оддржа работилницa по македонски јазик за децата на нашите сограѓани кои живеат и работат во Мадрид.

Настанот беше одлична можност најмладите да се запознаат подобро со македонскиот јазик, да научат нови зборови, да пеат, цртаат, слушаат приказни и се дружат, напиша македонскиот амбасадор во Шпанија, Едмонд Адеми на својот фб профил.

Благодарност и за Општинската јавна библиотека “Марија Лехарага” за поддршката и отстапениот простор за оддржување на часовите по македонски јазик, напиша Адеми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни