Во Бразил брачен пар оживеа мртва шума засадувајќи милиони дрвја

Наградуваниот фоторепортер Себастиао Салгадо и неговата сопруга, архитектката Лелија Делуиз Ваник, решија да му покажат на светот што може да направи мала група луѓе со верба во Земјата и во луѓето.

Во Бразил, брачниот пар Лелија Ваник и Себастијан Салгадо засадиле 2 милиони дрвја за 18 години, враќајќи 172 вида птици, 33 цицачи, 15 водоземци, 15 влекачи и 293 растителни видови.
Двојката одлучила да го основа Тера институтот, мала организација која засадила 2 милиони растенија и ја оживеала шумата.
„Постои само едно суштество кое може да го претвори јаглеродниот диоксид во кислород, а тоа е дрвото. Треба повторно да ги засадиме шумите“, потенцираат тие.
Користејќи само локални растенија, двојката го обновила целиот екосистем од нула, а областа значително процветала, овозможувајќи ѝ на фауната да се врати; благодарение на нивната работа, Лелија и Себастијан спасиле десетици загрозени видови.
“Земјата беше тажна како и мене, сè беше уништено. Тогаш мојата сопруга доби фантастична идеја да ја пресади оваа шума: сите инсекти, риби и птици се вратија и благодарение на новиот раст на дрвјата јас се родив повторно”.

Најново

Последни колумни