Внимавајте што купувате: Оваа риба не треба да се јаде, иако е достапна во сите маркети

Рибата која често може да се најде по ниска цена во супермаркетите може да биде поголем ризик отколку што изгледа на прв поглед. Станува збор за пангасиус – риба која потекнува од индустриски загадени води во југоисточна Азија. Иако изгледа безазлено и се подготвува лесно, експертите за безбедност на храна сè почесто предупредуваат на потенцијалните ризици поврзани со нејзиното потекло и начинот на одгледување.

Пангасиусот се одгледува во реката Меконг, каде што секојдневно се испуштаат отпадни води од фабрики за кожа и хемикалии, канализацискиот систем е неуреден, а блиските земјоделски површини дополнително ја загадуваат водата со пестициди и вештачки ѓубрива. Ова загадување директно влијае на квалитетот на месото на рибата.

Покрај тоа што е сиромашен со здрави омега-3 масни киселини, пангасиусот содржи високо ниво на омега-6 масти кои можат да предизвикаат воспалителни процеси во телото. Често се откриваат траги од антибиотици и пестициди во неговото месо, што дополнително го прави несоодветен за редовна консумација.

Слични сомнежи се поврзуваат и со рибата позната како нилски гргеќ, која потекнува од тропски води. Иако се смета за квалитетна риба, истражувањата покажуваат дека нејзиното месо може да содржи олово и други тешки метали, особено доколку потекнува од загадени води.

За да се избегнат ризиците, експертите препорачуваат избор на риби од проверени извори и почисти води. Меѓу поздравите алтернативи се дивиот лосос, кој е богат со омега-3 масни киселини и витамини D и B12, но треба да се внимава да не е од вештачки одгледување. Скушата е уште една хранлива опција, богата со омега-3 и погодна за скара или печење. Сардините, покрај тоа што се евтини и лесно достапни, се хранливи и не акумулираат тешки метали. Пастрмката, особено ако е од планински потоци или контролирани рибници, е нискокалорична и богата со хранливи материи. Осличот е лесна, немасна риба со нежен вкус, погодна за деца и оние кои не сакаат интензивен „рибен“ вкус. Бакаларот, пак, е богат со протеини, а сиромашен со масти, па често се избира во здрави диети и за време на пости.

При купување риба, важно е да се внимава на потеклото. Се препорачува избор на риба со ознака за потекло и сертификати за квалитет, како што е MSC (Marine Stewardship Council). Треба да се избегнува увозна риба без јасна декларација, а секогаш е неопходна темелна термичка обработка, особено ако рибата потекнува од тропски и увозни води.

Информираноста и вниманието при изборот на риба се клучни за заштита на здравјето. Не секоја риба на полицата е безбедна или квалитетна за консумација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни