На последната анкета на „Внимание, внимание“ објавена на „Трн.мк“ граѓаните кажуваат зошто младите претпочитаат да патуваат и студираат во западните земји.
Туристичките агенции нудат најмногу аранжмани за патување во западните земји, главно во ЕУ, затоа што тоа најмногу го бараат туристите.
Младите кажуваат зошто претпочитаат да студираат во западни земји, а не во Русија или Кина – подобри услови, поквалитетно образование, подобар стручен кадар, подобро вработување, подобар квалитет на живот, меѓународно признаени дипломи, политичка слобода.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.