Екипата на „Внимание“ на терен испита колку се променети навиките на македонските граѓани во врска со храната.
Ги прашавме граѓаните дали во Македонија повеќе готват или нарачуваат храна. Повеќето, особено помладите, ни одговорија дека повеќе нарачуваат: „Во последно време, со ова темпо на живот, мислам дека повеќе се нарачува. Немаме време да готвиме“, „Зависи мислам дека од генерацијата, моја генерација повеќе нарачуваат, а постарите генерации готват“, „Па, зависи за кој како, мислам дека повеќе се нарачува, бидејќи луѓето немаат многу време, се изморени кога доаѓаат дома, и сакаат веднаш да нарачаат, да јадат, и тоа да биде тоа“.
Еден граѓанин проникливо ни одговори зошто смета дека повеќе се нарачува храна во Скопје: „Скопје, да ти кажам право не знам, мислам дека нарачуваат, многу млади има, студенти, неженети, ергени, млади моми, стари моми… мислам дека нарачуваат, ги мрзи да готват“.
На прашањето, „Вие готвите или нарачувате?“, граѓаните ни кажаа: „Нарачувам, може и да готвам, ама померачки е нарачување“, „Мака ми е да готвам, така да нарачвам или јадам надвор. Полесно е, како и сите млади, не знам кој готви дома“, „Повеќе нарачувам или купувам уз пат од некои ресторанчиња…“, „Повеќе нарачувам, немам време кога, на работа повеќе сум“.
Мнозинството граѓани точно одговорија и на прашањето „Која е првата и единствена македонска платформа за достава на храна?“, по што добија како награда ваучер: „Првата и единствената? – Кликни Јади“, „Мене ми е позната Кликни Јади“, „Пред две три години кога работев Охрид брат, имаше Кликни јади…“