Внимание: Во кое животно би се претвориле на 24 часа?

Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашуваме граѓаните: „Ако можеш да избереш да се претвориш во некое животно на 24 часа, кое животно би го избрал/а?“ – „Панда или фламинго…“, „би бил мајмун, затоа што се среќни, затоа што се брзи, агилни…“, „Би бил коњ, убав е и јак, паметен и верен“, „лилјак“, „маче… многу мило по изглед, по однесување“, „би била куче… бидејќи се некако најслатки“, „гулаб, зашто е јако да леташ“, „сокол, за да летам, за да гледам надалеку“.

А еве што велат грѓаните за тоа „Што можеме ние како луѓе да научиме од животните?“: „Лојалноста и љубовта…“, „Пред се да научиме малку емпатија и другарство од нив“, „дека можеби треба малце да застанеме со нашиот секјдневен живот и само да ја примиме природата, да не мислиме на нашите проблеми и малце да се одмориме“.

На крај, ги прашавме граѓаните: „Ако најдеш повредено животно, на пример штрк кој не одлетал на југ, што ќе преземеш?“: „Би се јавила на некоја ветеринарна служба…“, „би му помогнал, ако ми дозволи“, „Ако е мечка, на пример, би бегал“, „Ќе му помогнам, дефинитивно, бидејќи многу ги сакам животните“, „најверојатно прво би викнал ветеринар, а после некоја евтина Визер карта за југ.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни