Екипата на „Внимание“ ги праша гевгеличани: „Си имаат ли гевгеличани добар соживот со Грција?“ Гевгеличани велат: „Тие ни се главните муштерии во градот. Поголем дел од натписите се преведени и на грчки… присутни се во сите дејности во Гевгелија“.
На прашањето, „Зошто еден турист, кој иде кон Грција, треба да наврати кон Гевгелија, што има тука најдобро?“, гевгеличани велат: „Ние сме македонскиот Лас Вегас…“, „Се е убаво, Гевгелија е топла“, „Енергијата што ја дава народот, гостопримството…“ „Внимание“ прашува: „Што и недостига на Гевгелија за младите да останат во неа?“. А еве што велат гевгеличани: „Еден добар факултет…“, „Работни места повеќе… инвестиции“, „Би било добро кога платите би биле повисоки, за живот да има…“, „Минималната плата треба да се покачи и ноќниот живот треба да се подобри“, „Повеќе културни настани, недостасува младински центар…“
Гевгеличани беа поделени околу прашањето: „Кој град е попривлечен за гевгеличани, Скопје или Солун со метро?“ Некои го претпочитаат Скопје, но повеќето рекоа Солун: „Скопје ние си го сакаме, нели, бидејќи е наш главен град, а Солун ни е поблиску, и нема многу патарини“, „Скопје со метро, и не толку загаден воздух“, велат гевгеличани.