Внимание: Свети Никола, Свети Никој или Галактички сештојад?

Во декември, познат и како месец на славите, ги прашавме граѓаните која им е омилена македонска слава. Еве што ни кажаа: „Немам, не сме славеле никад дома“, „Една од најомилените – Свети Никола“, „Свети Никола – многу другари имам за Свети Никола“, „Митровден и Свети Ѓорѓија“, „Моја куќна слава е Свети Ѓорѓија… посна трпеза, се знае, риба, гравче, после сарми…“.

Во најновата епизода на „Внимание“ ги прашавме граѓаните и што сакаат да јадат повеќе на слави – сарма или гравче?

Граѓаните дадоа различни одговори на прашањето: „Во кого повеќе веруваш – во Дедо Мраз, во Свети Никола или во Свети Никој?“: „Свети Никој нека биде, религијата мене ми е – човечка измислица“, „Во Свети Никола – имам деца близнаци кои го носат неговото име – Николче и Николина… Се смета дека Свети Никола е Дедо Мраз“, „Во Свети никој, зашто не верувам на никој“, „Во „Галактик омнивор“ – ние сме едно здружение за развој на игри, се молиме во галактичкиот сештојад да ни помогне во развојот на игри“, „Во Свети Никола – а во Дедо Мраз децата веруваат, ние возрасните не – ако работиме, ќе ни донесе Дедо Мраз, ако не, ќе останеме без ништо“.

А еве што велат граѓаните кој (меѓународен) ден би си го избрале за куќна слава: „Цела година… секој да може да си го прави тоа што сака“, „Свети Никола, зашто се викам Никола“, „Искрено, би го избрала мојот роденден“, „Петок, секој петок да биде слава“, „Петок дефинитивно, почнува викенд, да можеш да си се опуштиш, најубаво“. „Осми септември – ден што најмногу важи за сите…“, „Па јас би го избрал 9-ти мај, денот на победата, денот на мирот… на светот му е потребен мир, му се потребни позитивни работи да го движат овој свет.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни