Внимание: Со толку скапи станови, каде ќе бегаме – во подрум, во село или на печалба?

Новата сезона на „Внимание“, Дениз ја започнува со прашање до Дедо Мраз кој седи на балконот на централната елка-повеќекатница која никна на плоштад ко дивоградба: „Извинете, колку ви е квадрат?“
Поттикнати од веста дека минатата година цените за еден станбен квадрат пораснале за 25%, ги прашавме граѓаните: „Би се откажале ли од ноќен живот, цигари или други задоволства за да заштедите за еден метар квадратен стан во Скопје“?

Еве што велат: „Јас мислам дека и со откажување нема да се заштеди, зашто покачени се премногу цените за становите“, „Апсолутно не, стан може единствено да се купи со работа во странство“, „Вреди да се проба, да, ама не знам колку е возможно“, „Сметам дека цената на становите е премногу голема, и не знам колку можеме да си дозволиме да купуваме нови станови“. Еден граѓанин тврди дека цените на становите не се реални – „Далеку од реално, ова не е реалност, ова е лудост“, правејќи споредба со „некои метрополи каде што цената на квадратот е по 1.300, 1.400, 1.500 евра квадрат, кај нас достигнува до 3.000 евра.“

А еве што велат граѓаните на прашањето „⁠Со олку скапи станови, каде ќе бегаме – во подрум, на печалба, или можеби на село?“ – „На село најдобро… да си се враќаме кој од каде што си дошол“, „На печалба, ќе заработам повеќе пари за да купам доволен стан за мене“, „На печалба, пошто џабе ќе заминеме во подрум, пак ќе треба и тоа да го плаќаме“, „Дефинитивно на печалба“, „Во Шпанија… на печалба“.


Дениз ги поттикна граѓаните да го кажат своето мислење за тоа што имаме евтини авионски билети за странство, а метар квадратен стигна 3000 евра: „На луѓето повеќе им се исплаќа да одат во странство… отколку да вложат во стан во Скопје или било каде во Македонија“, „Ова нешто сака да ни препорача – карта во еден правец“, „Да живееме под кирија и да шетаме…“, „Дека сме во банкрот“, „Мислам дека е пофер да си купиме авионска карта и да не снема од тука“, „Сакаат да се иселат од тука, да си одиме, тоа е целта… Со тие евтини летови, народ си замина, се исели од државата“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни