Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните „Дали Скопје е град по мерка на мажите или по мерка на жените?“ Еве што ни кажаа: „Па, мислам дека е многу посигурен за мажите…“, „Искрено, по мерка на мажите, мислам дека патријархатот уште преовладува“, „На мажите…“, „Сметам дека е по мерка на мажите, сепак повеќе има машки работи што може да се прават“, „Мислам дека е некаде на пола“, „Средно“, „Некогаш е на жените, сега иде нивни празник и нивни е градот… – Кога е на мажите? – На мажите, секој ден“.
А еве што најмногу ги плаши и вознемирува граѓаните на Скопје: „Сообраќајот…“, „ЈСП“, „Нема улични светла… тоа станува малце језиво“, „Навечер нема многу светла, за женско особено е опасно…“, „Бездомни кучиња и мажи во јавен превоз“, „Тоа што кога и да поминам, знаат многу луѓе да ти свират од кола…“.
На прашањето „Каде мокриш ако ти се приоди во град?“, граѓаните велат: „Ќе си трпиш до дома…“, „Нигде, ќе упаднеш во некоја кафана…“, „Нема, освен кафичи, на пример“, „…во некој мол, а најчесто знам и да си трпам до дома“, „секогаш одам дома“, „Нема каде… и да ги најдеш, не се чисти“, „јавни вециња – немам видено досега“, „има во ГТЦ, но тоа не е јавен тоалет, тоа е жива брука…“.
Ги прашавме граѓаните и „Имаш ли каде да се напиеш вода кога одиш низ град?“: „Никогаш, цело време човек треба да си купи вода зашто нема никаде фонтани…“, „ретко каде можеш да се напиеш“, „не, затоа си носам“, „и таму кај што има фонтани, не работат“.