Внимание: Скопјани се горди на Водно, но предлагаат и строги казни за негова заштита

Екипата на Внимание со анкета на Водно, малата планина што крие многу тајни.
Прво ги прашавме граѓаните – Дали се горди на Водно? Сите граѓани кажаа дека се горди на планината, но не и на нашата еколошка свест и колку го чуваме.

На прашањето што е највредно да се посети на Водно, граѓаните велат: Средно Водно, Марково Крувче, козјите патеки, црквите, жичарата, крстот, длабоките шуми, шумички… „Мислам дека е срамота, ако си скопјанец, живееш тука, да не ги знаеш рутите, барем до пола, барем до Средно…“.
Граѓаните кажаа и што најмногу му фали на Водно: „да се заштити повеќе“, „на Водно му фали повеќе култура“, „помалку гужва“, „некој кој што ќе го одржува и ќе биде одговорен“, „му треба хигиена“.

Граѓаните со свои предлози како да ја заштитиме флората и фауната на Водно: „Би го забранил сообраќајот“, „да не се скршнува во дивиот дел“, „со тоа што помалку ќе фрламе ѓубре“, „да има лимит на возила“, „вака со коли кој како стигне – јок“ – велат Скопјани.

На прашањето „Доколку ти би бил/а шумоначалник/чка на Водно, што би им препорачала на Скопјани?“, граѓаните кажуваат: „Да се грижат за тоа што го имаат“, „Што повеќе да се грижиме за зелените површини зашто тие не спасуваат“, „Сите да се качат на Водно и да посадиме по некое дрвце“, „Да посадиме по некое дрвце и да ја одржуваме хигиената“…

Исто така, граѓаните предлагаат големи казни во случај на нехигиена: „Ќе направиме фино мени – пикавец 10 евра казна, од смоки амбалажа 30 евра“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни