Внимание ги праша граѓаните: „Дали некои ваши права се повредени, и кои?“
Најмногу граѓани реагираа на правото на чист воздух, но и на други права. „Секојдневно правата се повредуваат“, укажува еден граѓанин.
На прашањето „Дали поддржувате еднакви права и слободи за сите луѓе, вклучително и за ЛГБТИ луѓето?“, граѓаните велат: „Сите човечки права се за сите луѓе“, „Сите права да бидат еднакви за сите“, „Сите заедници во Македонија треба да ги уживаат сите права кои ги гарантира уставот“.
Прашавме и „Која дискриминирана група граѓани најпрво би ја поддржале?“, и добивме различни одговори.
Граѓаните дадоа интересни одговори и на прашањето „Ако сте министер/ка за легализација, што попрво би легализирале – канабис, сексуална работа или нешто друго?“
И на прашањето „Дали забраната за социјални мрежи за млади под 16 години, што ја воведуваат некои земји, е прекршување на нивните права?“, граѓаните дадоа различни и интересни одговори.