Во пресрет на јуни, месецот на гордоста, Екипата на „Внимание“ ги праша граѓаните за најавената парада на гордоста на 22 јуни под слоганот „Спектакуларно неспослушни“.
Повеќето испитаници знаеја што означува кратенката LGBTIQ и сметаат дека сексуалните малцинства не се заштитени од државата како и другите граѓани, во случаи на дискриминација и насилство.
На прашањето дали ќе се приклучите на маршот за петата парада на гордоста, дел од младите со кои разговаравме одговорија ДА, а дел со НЕ.
На прашањето „Знаете ли зошто маршират LGBTIQ лицата на парадите на гордоста и што бараат?“ добивме најинтересни одговори: „Бараме да бидеме рамноправни, бараме еднакво третирани да бидеме, да бидеме нормализирани“, „Како и сите луѓе, бараат права, право на еднаквост, на слобода…“, „Правата си ги бараат, да нема дискриминација, да ги почитуваат како и секој нормален граѓанин“, „Се бара понатаму повеќе профаќање, повеќе разбирање, помалку дискриминација“, „Бараат право за достоинствен живот, како што сите заслужуваме“, велат граѓаните.
На прашањето што треба да се промени, младите за Внимание предлагаат: „Треба да бидат еднакво застапени и во сите институции, треба да можат да стапат во нормална, законски признаена врска, и треба нели, нормално да бидат прифатени, како и секој човек“, „Да се прифатат онакви какви што се, да биде легално склучување на бракови…, како во Германија, на пример…“, велат граѓаните.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.