„Внимание“ на плоштадот во Скопје: нехигиена, расипани фонтани и заринкани галии

Граѓаните најмногу забелешки имаа на сјајните и лизгавите плочки, на нехигиената, на отсуството на зеленило, на премногуте споменици и реклами, на тоа што главните објекти се недовршени, на тоа што не работат фонтаните и постојано пропаѓа фонтаната од 2 и пол милиони евра, тоа што нема доволно ресторани и културен и забавен живот…

На прашањето „Дали пиратските галии треба да останат или да отпловат од Скопје?“, повеќето граѓани сметаат дека на пиратските бродови не им е место во Вардар, а дел од нив дадоа предлози за нивна пренамена и дислоцирање како сплавови во Охрид.

На прашањето „Да сте градоначалник на Скопје, што би промениле на Плоштадов во првите 100 дена?“, граѓаните даваат оригинални предлози за конкретни промени на плоштадот. Некои сметаат дека плоштадот треба да се врати како порано, други даваат предлози за зголемување на зеленилото, трети дека Вардар треба да се направи пловен… Еден скопјанец пак предложи да се организираат забавни настани на плоштадот во секој ден од годината, како во други европски градови.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни