Екипата на „Внимание“ на Д Фестивал – Дојран направи анкета со младите за љубовта и музиката. „Има многу убава енергија, луѓето се многу насмеани, навистина е #LoveSpreads“, одговара една посетителка на прашањето дали се чувствува во воздухот слоганот на фестивалот.
Ги прашавме младите и како најдобро се шири љубов и која музика најмногу инспирира за ширење љубов – „Јас лично сакам да ги гушкам и бацувам сите“, „со друштво, со забава, пиво“, „частам пиво“, „едноставно треба да се опуштиш, треба да се запознаваш со нови луѓе“, „разговори со луѓе што не ги знаеш“, велат младите, инспирирани од повеќе музички жанрови, но најмногу од техното.
На прашањето „Кое е најдобро место за мување и лапање – пред стејџ, во гужва, или кај комарците на плажа?“, убедливо победи „кај комарците на плажа“. „Било каде е најудобно, но најважно е љубовта да се шири“, вели една посетителка.
Повеќето посетители на Д Фестивалот се согласни дека Дојран во лето треба да стане слободна зона за рекреативна употреба на канабис, за полнолетни граѓани.