Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните: Некои велат, тетоважи и пирсинг прават само „неморални, несериозни и агресивни луѓе“. Вистина или предрасуда?
Еве што ни одговорија: „Предрасуда – тоа е начин на изразување, еден вид уметност, и мислам дека секој си прави тоа што сака со своето тело“, „Предрасуда, голема, не може тетоважа да одреди карактер на човек“, „Предрасуда дефинитивно, тетоважата ја сметам како украс на телото…“, „Денеска тетоважите и пирсингот се повеќе уметност, тренд и дел од модата“.
Еве што мислат граѓаните за прашањето – „Пејач или политичар? Кому повеќе му прилега тетоважа?“: „Па најверојатно на пејач, можеби политичарите не би ги гласале во нашето општество доколку би имале тетоважи…“, „Пејач, ама треба и политичарите малце…во еден нов свет живееме, урбано општество…“, „Па на секого, и на политичарот, зошто да не… политичарот не е човек?“, „На пејач врзано со професијата можеби повеќе му личи, но доколку стави политичар тетоважа, мислам дека треба да го истетовира Пинокио“.
Ги прашавме граѓаните и „Ако на интервју за работа дојдат двајца кандидати — еден со тетоважи на рацете и еден без — кој мислиш дека би имал поголеми шанси да ја добие работата?“: „Не би требало да менува многу, треба да се гледа работната навика, дисциплината на човекот… а не дали има или нема тетоважа“, „Тој што има знаење, тој што има искуство, тој што ќе се покаже супер на интервјуто“, „тетоважите не треба да бидат некој фактор“, „Зависи каде, еве јас сум проправник сега – се смеев „имам тетоважи нема да ме примите на пракса“, одговорот беше – „Зошто, еве и ние ќе направиме“ – сега одам на таа пракса… пред се образование, ако немаш тоа, џабе тетоважи дали имаш или не…“.
Во најновата анкета на „Внимание“ граѓаните даваат свое мислење и каква порака испраќаат тетоважите денес — храброст, стил, или нешто трето?
Инспирирани од кампањата #НаправиМесто на Македонски Телеком, ги надминуваме предрасудите и ги рушиме бариерите.
