Внимание: Каде на одмор годинава и што да се прави на плажа?

Внимание прашува: „Каде на одмор годинава?“. Повеќето граѓани велат – на море: „Сите кога ќе замислиме лето, на море мислиме“, „Најубаво е на море“, „Најубава е водата, солена е“, „Море, ама и планина – море заради водата, а планина заради чистиот воздух“.

На прашањето, „Како се однесувате на плажа?“, граѓаните кажуваат: „Зависи, брат од вечерта претходно, ако сум заглавил, ќе спијам на плажа…“, „Битно ми е да имам добра книга… и друго ништо не ме интересира, и главата под сенка“, „Најчесто се кријам од сонце…“, „Сакам да се сончам, да се печам..“, „Барам диви плажи кај што никој не ме гледа, за да правам песочни кули“.



Прашавме и кои се омилени пијачки на плажа: „Може некој цеден сок или некој коктел, Космополитен, “Sex on the Beach”“, „Или вино, или некој коктел, ама вино ако сакам да се напију, коктел е повише за уживање“, „Има еден плав – Blue Lagoon”, „Омилена пијачка – пиво, дефинитивно пиво“… А еве и каква музика сакаат да слушаат граѓаните на плажа: „Нешто од Шаде би рекол…“, „Па, некои шпански, некои латино, така…“, „Па, нешто лежерно, така, убаво да свири, да не ти удара у глава…“, „Тие хаус песни што ги пуштав на плажу, што чукав цело време без никакви зборови“, „Јас повеќе сакам тишина…“.

Ги прашавме граѓаните и „Дали се депилираш на плажа?“ – „Не се депилирам, ама се бричам“, вели еден граѓанин. А еве што ни одговорија граѓанките на прашањето: „На плажа какви мажи ви се допаѓаат повеќе – депилирани или недепилирани?“: „Маж ми мој, и ништо друго“, „Недепилирани, ама да не биде премногу влакнесто“, „Па недепилирани, маж си е маж, мора влакна да има… да не е мечка, како маж што е, нормално…“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни