По трагедијата во Нови Сад, ги прашавме граѓаните дали е безбедно да се шета покрај барокните фасади во Скопје. А еве што велат граѓаните: „Па, не баш. Кај нас некој ветер ако има некој посилен, може да паднат“, „Вртиме околу за да не ни падне некоја од фасадите“, „Не е безбедно бидејќи ништо не е направено како што треба, и се е направено всушност од стиропор“, „Го направија Скопје зоолошка градина.
Паѓаат тераси, нема безбедност, овде урбана мафија, тотално хаос“.
На прашањето какви лекции треба да извлечеме од трагедијата во Нови Сад, граѓаните велат: „Се што се гради треба да биде плански и структурно“, „Појака контрола, посигурно градби“, „Со градежните претпријатија да има строга контрола“.
За тоа кој треба да понесе одговорност при ваков тип несреќи, градителите или политичарите, повеќето граѓани велат – политичарите: „Од тој што е најгоре, до тој што е најдоле, сите до еден“, „Политичарите, они им дозволуваат да работат, тоа е позната урбанистичка мафија“.
На прашањето – „Што мислите, битно е да се гради или побитно е да се гради безбедно и стручно?“, граѓаните велат: „Кое фајде да се гради, а не е безбедно“, „Ако се гради ради реда, нема да има смисла, и мислам нема да има никаква поента“, „Не е само да се гради, треба да се гради паметно, со сите стандарди, со почитување на екологијата, животната средина…“.
Некои граѓани укажуваат дека Скопје е премногу изградено: „Тука во Скопјево е премногу изградено, нема ни дрва ни ништо“, „Моментално е преокупирано Скопје. Да не се гради ни стручно ни нестручно. Зеленило бре, па не можеме ваздух да зимат луѓето!“.