Внимание: Дали политичарите ја посетуваат Шутка само кога ќе ги пикнат у притвор?

Најновата сезона на „Внимание“ ја започнуваме со анкета во Шуто Оризари.
Ги прашавме граѓаните која е најголемата маана во Шутка денес, а тие ни дадоа различни одговори: „Што не го фрлаат ѓубрето во канта“, „Најголемата маана е превозот, сите каснат на работа, во школо…“, „Маната на Шутка е што не е сложна, сите народи имаат своја држава, само Ромите немаат“.
Ги прашавме граѓаните и на кој славен човек од Шутка треба да му се изгради споменик, и главната битка се водеше помеѓу Ферус Мустафов и Есма Реџепова. Но, има и поинакви мислења, дека на Мајкл Џексон треба да му се изгради споменик, затоа што „Сите велат дека е од Шутка Мајкл Џексон“.

На прашањето, „Да сте градоначалник, што попрво би направиле во Шутка – пливачки базен или атмосферска канализација?“ – повеќето граѓани „гласаа“ за атмосферска канализација: „Ако има малку поголем дожд, многу куќи се поплавуваат“, „Прво атмосферска канализација, па ќе правиме после базенти, паркови“, „Атмосферска, секако, зашто се дават во базентот, веќе го имаат…“.
Најинтересни одговори добивме на прашањето „Дали политичарите ја посетуваат Шутка само кога ќе ги пикнат у притвор?“: „Па, најверојатно да“, „Апсолутно…“. Во Шутка ретко ги гледаат политичарите на пазар: „Они не ги ни знаат цените, ни у маркет не иде да пазари, прашај го колку е зејтин, не знае, не знае шекер колку е…“, вели една граѓанка на Шутка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни