Внимание: Дали менструацијата е сѐ уште табу тема во Македонија?

Внимание прашува: „Дали сме сите соодветно информирани за прашањата во врска со менструалниот циклус?“. Повеќето од граѓанките одговорија негативно: „Не… тоа било премногу стигматизирано и не се зборувало за тоа доволно…“, „Мислам дека апсолутно не, затоа што е табу тема што луѓето не сакаат да ја отвараат…“, „Па, мислам дека не, заради социјални стигми, неинформираност, лажни вести“… А единствениот испитаник ни одговори: „Дефинитивно не, затоа што ни фали сексуално образование – сеопфатно сексуално образование“.

На прашањето „Треба ли отворено да се зборува за менструацијата, или тоа е срамна тема“, граѓанките велат: „Воопшто не е срамна тема, многу природно, и апсолутно треба да се зборува отворено во секое семејство…“, „Не е ни најмалку срамна тема, станува збор за човековата природа…“, „Не сметам дека е срамна тема, ама мислам дека треба да има некоја доза на приватност за тоа“, „треба да се збори отворено уште од млади години“, во училишта, за да не стане стигматизирана тема“.

На прашањето „Дали додека учеше во школо добиваше информации за менструалниот циклус?“, повеќето испитанички одговорија негативно: „Не баш… од мајка ми, или сама, среќа што имаше Google…“, „Во моите средношколски денови немаше ниту еден час за такви нешто, имав во основно образование, ама тоа беше еден ден и ништо повеќе…“, „За жал, во мое време немаше никаква таква информација, и родителите беа тие кои што не информираа“.

Повеќето испитаници сметаат дека хигиенските влошки за жени се прескапи, и дека треба да бидат бесплатни: „Дефинитивно треба да се бесплатни, затоа што не секој може да си ги дозволи, а и требаат на секоја девојка“, „Да, треба да бидат право за сите, и треба сите институции и згради да обезбедат“.

Еве што вели еден скопјанец на прашањето „Дали е ОК ако партнерка или пријателка те испрати да и купиш влошка или тоа е срамота?“ – „Не, апсолутно не е срамота, сум го правел тоа многу често во минатото и сеуште го правам“. А што велат скопјанки за тоа дали мажите треба да помогнат во купување влошки на своите партнерки или пријателки: „Мислам дека многу го гледаат тоа како табу, ама не треба да го гледаат како табу, тоа е сепак некоја потреба, тоа е како било каков продукт за хигиена да се купи“, „Сосем нормална, мажи не треба да се срамат од влошки на каса, треба да се нормализира, и треба да помогнат.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни