Внимание: Дали е минимална минималната плата?

Екипата на „Внимание“ ги праша граѓаните и синдикалците „Дали политичарите се попродуктивни од работниците штом земаат толку големи плати?“: „Да не звучам грубо, но мислам дека политичарите повеќе си седат наоколу и не прават ништо.

Ние, работниците како робови и како роботи сме, за минимална плата да ни дадат“, „Ако работниците се 270.000 денари месечно продуктивни на газдите и на политичарите, не знаеме политичарите колку се продуктивни“, „За жал, продуктивност се мери само на општ работник, на политичар не слушнавме дека некој мерел продуктивност“, „И ние се прашуваме, како обични работници, која е продуктивноста на политичарите, со што они заслужуваат да земаат толкави плати?“, „Мора пообјективно да се платат работниците. Децата ни избегаа се уништивме. Значи, образованието ни се уништи, здравството ни се уништи, се ни се уништи“, „А гледаме и колкави патни трошкови земаат земаат пратениците во Собранието, тоа не е нормално, покрај тоа што имаат сите станови во Скопје.“

Ги прашавме граѓаните и „Дали политичарите треба да се возат со јавен превоз, како и работниците?“: „Да, треба…“, „Па, треба, зoшто да не? – Не се богови, јавниот превоз е за сите граѓани“, „Реално треба, нека се чувствуваат како ние што се чувствуваме…“, „Како што доаѓаме и ние на работа, пешки или било како, може да дојдат и они, зошто да не?”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни