Внимание: Дали Чат ЏПТ е вашиот личен терапевт?

Во најновата анкета ги прашавме граѓаните дали користат вештачка интелигенција. Еве што ни кажаа: „Најчесто користам за учење“, „за помош при работа“, „ретко, само за консултации“, „понекогаш, многу ретко користам ChatGPT“, „Најповеќе за превод“…

Еве кои се придобивките, а кои се ризиците од користењето ВИ, според граѓаните: „Можеш да имаш уште еден пар очи за некој да ти прегледа, да види, да ти даде сугестија…, контра е дека многу луѓе стануваат зависни“; „Јас сум скептик, мислам дека ќе се изгубат многу работни места“, „Може повеќе да дознаеме за тоа што не интересира, а друго е зависност, што може да го користат за лоши работи, на пример, препишување на тестови…“, „многу побрзо пронаоѓање на одговори… или побрзо пронаоѓање податоци, а ризици – луѓето би станале помрзеливи“, „голем дел од луѓето го користат како терапевт, и се добива AI психоза…“

Малку ги насмеавме граѓаните со прашањето „Со кој се консултираш повеќе, со ChatGPT, со твоите најблиски или со матичниот лекар?“. Имаше и искрени одговори дека се консултираат ChatGPT, но и други: „Со никој, со сама себе“, „Ако правиме муабет за здравје, со матичниот лекар дефинитивно, а ако правиме муабет за ВИ, користам уште литература и мозокот мој“.

На прашањето „За кој ресор ни треба ВИ министер, по примерот на Албанија?“, најмногу гласови имаше за повеќето: „За 90% од министерствата“, „најверојатно за се ни треба“, „мислам дека кај нас може во секој ресор да се замени“, „Сите, пошто нема интелигенција во министерствата“, „Ни министрите не се некои кои што размислуваат, така што, доколку се успее да се направи таков модел, јас се би сменила со АИ, искрено“.

Добивме проникливи одговори и на прашањето „Дали треба да учиме и да се надградуваме за AI?“: „Апсолутно да, тоа е новото нормално, има една изрека дека AI нема да не замени, ама луѓето што користат AI ќе бидат многу подобри од нас“, „Значи, ништо не може да ми направи вештачката интелигенција, ако не и кажам ја, и сепак, 80% од работите не ги добивам“, „тоа е само една алатка, треба да научиме да ја користиме, и да сфатиме дека е алатка“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни