Внимание: Да немаше граници, народот едно ќе беше

Внимание во Битола ги праша граѓаните – „Зошто во Македонија постојат толку многу предрасуди?“ Еве што ни кажаа:

„Па, мислам дека ги стекнуваме во текот на животот, значи, предрасудите се наследуваат, од општеството, од околината, од семејството, друштвото“, „На некој начин ги учиме, гледаме од другите луѓе, се стекнуваат, да речам, сите не се раѓаме со предрасуди“, „Од претходниве генерации ни се останати предрасудите, од комунизмот и од Југославија, со телевизиите“, „Ги прифаќаме од луѓето, другарите, родителите понекогаш“, „Ниту еден човек на оваа планета Земја не се раѓа со предрасуди, за жал сите предрасуди ги наследуваме, дали од семејството, дали од околината“, „…сакаме така да осудуваме луѓе пред да ги знаеме, секој со секој сака да се нејќи“, „секако не се раѓаме такви, ги добиваме од нашите најблиски, баби, дедовци, родители… да нема граници во светот, народот би бил едно“.

Прашавме и зошто имаме поговорки „Мама меси тато носи“, а немаме „Тато меси, мама носи“? : „Повторно тие предрасуди…“, „Тоа останало од минатото, ама од минатото досега многу работи се сменети, така да ништо не е како порано“, „Знам дека можам се и целата моја фамилија жените можат се“, „Тато да се заврти малце појќе во кујна, можи подобро ќе поминиме со „Тато носи мама меси“, „Тоа се менува… улогите на мажот и жената во општеството се флуидни“.

А што не е во ред со следново тврдење: „Најдобрите кувари во светот се мажи, а местото во жената и е во кујната“? Еве што не е во ред: „На жената, местото и е насекаде“, „Ако те бива за во кујна слободно…, жените не се само за во кујна…“, „Местото на жената не е дефинитивно само кујна“, „Жената можи сегде да биди, мажите појќе се најпознатите кувари пошто можат појќе да креваат тенџериња“.

А што велат битолчани за тоа дали „жените не ги бива за во политика“ и дали можеби е време жените масовно да влезат во политиката, и да ги сменат работите на подобро?“: „Секој можи да ги смени работите на подобро, без обзир на тоа дали е маж или жена“, „,,,треба многу повеќе жени во политиката, 50 посто да се жени, минимум тоа, работата ќе оди многу подобро…“, „Секако, треба да се вклучат и жените во политиката… демократијата така работи“, „Доста беше веќе само мажи“, „Не е точно дека не ги бива, многу појќе мислам дека ги бива отколку мажите.“

Инспирирани од кампањата #НаправиМесто на Македонски Телеком, ги надминуваме предрасудите и ги рушиме бариерите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни