Владата донесе нов пакет мерки со кој директно се влијае врз цените на горивата во земјата, со цел да се ублажи притисокот врз граѓаните и економијата. На вонредна седница е одлучено акцизите да се намалат за 4 денари за дизелот, додека безоловните бензини од 95 и 98 октани ќе поевтинат за 2 денари по литар.
Паралелно, ДДВ-то за горивата ќе остане намалено од 18 на 10 отсто, мерка што ќе важи до крајот на кризната состојба, која истекува на 20 април. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека без овие интервенции цените би биле значително повисоки – дизелот би достигнал околу 102 денари за литар, а бензините исто така би забележале зголемување.
Дополнително, постигнат е договор со ОКТА за продолжување на попустите до крајот на април – 3 денари по литар за дизел и 2 денари за бензините.Според Владата, комбинираните мерки практично го неутрализираат потенцијалниот раст на цените и обезбедуваат стабилност на пазарот во период на глобална неизв