Владата ќе донесе порепорака за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки, ресторани кои приредуваат забави

Македонија во седумдневна жалост по трагедијата во Кочани – оваа одлука ќе биде донесена на денешната владина седница закажана за попладнево, а најавено е и дека ќе биде донесен заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки, ресторани кои приредуваат забави

Македонија во седумдневна жалост по трагедијата во Кочани – оваа одлука ќе биде донесена на денешната владина седница закажана за попладнево, а најавено е и дека ќе биде донесен заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки, ресторани кои приредуваат забави, пренесува Канал 5.

Премиерот Мицкоски се очекува да се обрати попладнево, а од Владата информираат дека за трагедијата и можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи, за што Мицковски разговарал со генералниот секретар на Алијансата Марк Руте.


-Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан. Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата- велат од Владата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни