Вистинскиот Попај постоел: Бил Словенец, а ова е неговата приказна

Кога ќе помислиме на Попај, обично го замислуваме како силниот морнар кој добива натчовечка сила откако ќе изеде конзерва спанаќ. Но, вистинската инспирација за овој анимиран јунак бил човек од месо и крв – борец по природа, но не поради љубомора околу Олив Ојл, туку по неколку чашки пијалок.

Френк „Роки“ Фигел, по потекло Словенец (односно Полјак), живеел во градчето Честер, Илиноис. Иако не бил морнар, Роки бил препознатлив по својата снага и склоност кон тепачки по кафани. Со височина од околу 180 см и тежина од 80 кг, многумина верувале дека можел да стане боксерски шампион ако ја избрал таа патека.

Во 1920-тите години, Роки стекнал репутација на силен и издржлив човек, кој и покрај бурниот карактер, бил многу добар со децата и често им делел слатки. Едно од тие деца било и младиот цртач И. Си. Сегар, кој подоцна го создаде Попај.

Кога Сегар го создаде ликот на Попај во својот стрип „Thimble Theatre“ во 1929 година, ја искористи појавата и однесувањето на Роки: едноок, со лула во уста, нагласена вилица и склоност кон караници. Иако Попај првично требаше да се појави само во една епизода, читателите го засакаа, па брзо станал главниот лик на целиот стрип.

Попај од спореден карактер стана икона на американската поп култура, а инспирацијата зад него – скромниот физички работник од Честер – никогаш не ни знаел колку е значаен. Дури по смртта на Сегар во 1938 година, кога Фигел веќе имал 69 години, локалниот весник „St. Louis Post-Dispatch“ објави фотографија од него со натпис дека токму тој бил вистинскиот Попај.

Роки Фигел почина во 1947 година и беше погребан во необележан гроб. Дури подоцна, официјалниот клуб на фановите на Попај му подигна надгробен споменик со ликот на Попај од 1929 година – како доцно, но заслужено признание на човекот кој инспирираше еден од најсаканите анимирани јунаци во историјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни