(Видео) Скопјани и Теaтар Комедија ги отворија своите врати за престој на семејствата на хоспитализираните од пожарот во Кочани

Сите оние семејства кои имаат потреба да останат за домување овде во Скопје за да бидат блиску до своите најблиски, можат да се обратат на тимовите на Црвениот крст кои што се рапоредени во сите клиники во Скопје за да добијат информации како да дојдат до сместување. Во Меѓувреме и Тетатар Комедија ќе ги отвори своите врати за сместување на сите оние кои имаат потреба од сместување.

Црвениот крст на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека после случувањата и трагедијата во Кочани во последните неколку часа постојат списоци на лица од Скопје кои ги отвораат своите врати за семејствата од Кочани кои треба да ја поминат ноќта во Скопје.

„Сите оние семејства кои имаат потреба да останат за домување овде во Скопје за да бидат блиску до своите најблиски, можат да се обратат на тимовите на Црвениот крст кои што се рапоредени во сите клиники во Скопје за да добијат информации како да дојдат до сместување. Во Меѓувреме и Тетатар Комедија ќе ги отвори своите врати на сите оние кои имаат потреба од сместување. Црвениот крст однесе ќебиња, вода и инвалидски колички во болницата во Кочани. Наши тимови се распределени пред сите болници и се подготвени да понудат психолошка помош. За тоа се отворени и телефонски линии за помош. Црвениот крст и целокупната македонска јавност се мобилизирани за помош Во контакт сме со Центарот за трансфузија од каде имаме информација дека нема потреба од крв и крвна плазма- изјави Сандра Томовска, теренски координатор на Црвениот крст.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни