(Видео)Километрски колони автомобили на автопатот чекаат влез во Нови Сад

Според информации од Јавното претпријатие „Патишта Србија“, на наплатната станица Нови Сад југ, на наплатата, задржувањето на возилата малку пред 13 часот било 20 минути.

Голем број на граѓани од Белград и други градови се упатија во текот на претпладневните часови кон Нови Сад со автомобили за да ги поддржат студентите и нивните барања, поради што има застој на сообраќајот на некои делови од автопатот.

https://twitter.com/i/status/1885660434956460435

Пред наплатната рампа кај Нови Сад, автомобилите во две колони чекаат да се приближат до рампата и влезат во Нови Сад.

Според информации од Јавното претпријатие „Патишта Србија“, на наплатната станица Нови Сад југ, на наплатата, задржувањето на возилата малку пред 13 часот било 20 минути.

Во Нови Сад, во 15 часот, треба да започне протест со блокада на сите три мостови, по повод три месеци од падот на натстрешницата на Железничката станица и загинување на 15 лица.

Во организација на новосадските студенти, на кои им се придружија и колеги од Белград кои стигнале пешки или со велосипед во петокот навечер, најпрво ќе бидат блокирани сите три мостови за три часа, а од 18 часот блокадата ќе продолжи на Мостот на слободата, каде што во недела во 15 часот треба да се одржи пленум со граѓаните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни