(Видео) Зимска бајка во Загреб, отворен новогодишниот маркет

Манифестацијата трае до 7 јануари 2025 година. Новост на Адвентот оваа година е локацијата на Кватриќ, како и два божиќни трамваи

Отворањето на овогодинешниот новогодишниот маркет Zagreb Advent, започна со палење на сијаличнките во паркот Зрињевац. На отварањето присуствувале загребечкиот градоначалник Томислав ТомаШевиќ, но и градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачињи.

Во склоп на отворањето на загребечкиот Адвент свечено е отворено лизгалиштето во Ледениот парк на Томиславец, кој оваа година слави својата 10 годишнина. Покрај лизгалиштето, посетителите годинава ќе можат да уживаат во 15 угостителски куќички. Покрај пунч, варено вино и коктели, се нудат и деликатеси како што се штрукли, штрудли, кобасички, рибни специјалитети, гермкнедли и фритули. Градот е исполнет со празнично расположение. Во градот владее празнично расположение, а воздухот е исполнет со мирисот на фритули и варено вино.

Манифестацијата трае до 7 јануари 2025 година. Новост на Адвентот оваа година е локацијата на Кватриќ, како и два божиќни трамваи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни