ВИДЕО: Снимено рушењето на кровната конструкција на железничката станица во Нови Сад

На социјалната мрежа ТикТок се појавија видеа од моментот на рушењето на конструкцијата на кровот на железничката станица во Нови Сад – трагедија која вчера го потресе целиот регион. На видеото се гледаат луѓе кои минуваат под настрешницата, како и оние кои седат на клупите во моментот на нејзиното рушење. Надзорната камера го снимила ужасниот момент кога конструкцијата, долга околу 50 метри, се сруши за неколку секунди. Во инцидентот животот го загубија 16 лица.

Властите тврдат дека овој дел од конструкцијата не бил вклучен во тековната реконструкција на објектот, но на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат видеа на кои се гледа дека се работело и на тој дел од станицата. Голем дел од тие видеа подоцна беа избришани. За денес во Нови Сад се најавени протести, а граѓаните бараат одговорност за трагедијата која ги потресе сите.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, изјави дека се истражува зошто настрешницата на железничката станица во Нови Сад не била дел од реконструкцијата, и најави дека истрагата ќе утврди кој е одговорен за несреќата во која загинаа 16 лица.

Сепак, геолошкиот инженер Зоран Ѓајиќ, кој работел на реконструкцијата на зградата на железничката станица до март 2023 година, тврди дека настрешницата била вклучена во работите и дека изјавите на министерот Весиќ не се точни. Ѓајиќ нагласува дека испратил повеќе писма до различни адреси за да предупреди на проблемите со конструкцијата, но никогаш не добил одговор. Во својот извештај, тој сподели фотографија на која, според него, се гледа дека зад една од плочите на зградата имало оштетен бетон, при што дел од бетонот недостасувал, а наместо тоа биле поставени стуткани вреќи со цемент за да се намали количината на потребниот бетон.

Граѓаните на Нови Сад палат свеќи за настраданите на местото на несреќата, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, прогласи ден на жалост на територијата на цела Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни