ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,3 степени го погоди југот на Мексико

Епицентарот бил регистриран на длабочина од само 10 километри, што дополнително ја зголемило јачината на потресот. И покрај силниот земјотрес, засега нема извештаи за поголема материјална штета, ниту за повредени лица.

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Гереро, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).

Епицентарот бил регистриран на длабочина од само 10 километри, што дополнително ја зголемило јачината на потресот. И покрај силниот земјотрес, засега нема извештаи за поголема материјална штета, ниту за повредени лица.

Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, соопшти на социјалната мрежа Икс дека, по разговор со гувернерот на погодената сојузна држава, властите засега не примиле пријави за посериозни последици. Таа потврди и дека во главниот град, Мексико Сити, не е регистрирана никаква штета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни