R.E.M. се обединија повторно со својот прв јавен настап по 15 години. Легендарната група, составена од Мајкл Стaјп, Мајк Милс, Питер Бак и Бил Бери, настапи на церемонијата за Славните автори на песни во хотел Мариот Маркиз во Њујорк, изведувајќи извонредна верзија на нивниот хит “Losing My Religion.”
Неочекуваното обединување на R.E.M. претставува историски момент за фановите и музичката индустрија. Овој настап е прв по нивното официјално разделување во 2011 година а дел од него беше и тапанарот Бил Бери. Тој ја напушти групата во 1997 година а сега повторно се обедини со нив прославувајќи ја заедничката историја и музичкото наследство.
За време на церемонијата, Мајкл Стaјп зборуваше за патувањето на групата, изјавувајќи:„Пишувањето песни и тоа што имаме листа на дела на кои сите сме горди – кои се достапни за целиот свет засекогаш – е најважниот аспект од она што го направивме како бенд. Второ е тоа што успеавме ова да го правиме толку долго време и да останеме пријатели – пријатели за живот.“
Членовите на бендот споделија и свои лични спомени. Во интервју за CBS претходниот ден, Питер Бак се потсети на создавањето на “Losing My Religion” со мандолина, иако никогаш формално не го свирел инструментот.
Мајкл Стaјп хумористично се потсети на оригиналните стихови на песната, истакнувајќи, „Се сеќавам дека првично беше ‘That’s me in the kitchen’ а не ‘in the spotlight.’ Ја сакам песната – но никогаш не мислев дека ќе биде хит.“ Мајк Милс ја спореди неочекуваната успешност на песната со летот на бумбарот, изјавувајќи, „Оваа песна е како бумбар – не требаше да лета, и не претпоставивме дека некогаш ќе биде хит!“
Извонредниот настап на R.E.M. не само што ги воодушеви долгогодишните фанови, туку и повторно го разбуди интересот за нивната музика и наследство. Со континуираното влијание на бендот и нивните неодамнешни кампањи за повторно издавање, вклучувајќи го најновиот албум, Up, наследството на R.E.M. останува живо и влијателно како и секогаш. Гледајте го незаборавниот настап на “Losing My Religion” – трајното наследство на R.E.M. – еден од највлијателните бендови во историјата на рок музиката.