Видео: Пожарот во Николиќ се ближи кон куќите, драматични апели за помош

Малото место крај Дојранското Езеро е под сериозна закана од огнената стихија бидејќи пожарот почнува да се спушта кон куќите

Трет ден гори шумата околу населеното место Николоќ во општина Дојран.

Малото место крај Дојранското Езеро е под сериозна закана од огнената стихија бидејќи пожарот почнува да се спушта кон куќите.

Тоа го потврдува и локалното население додавајќи дека денеска никој не го гаси пожарот.

Дека состојбата во Николиќ е алармантна, за Трн во телефонски разговор потврди и Никола Писарев кој се наоѓа во населеното место.

„Живи ќе изгориме. Пожарот е дојден до првите куќи. Полицијата го затвори излезот и никој не може да влезе ниту да излезе од селото. Знаеме дека два стари камиони на почетокот на селото веќе изгореа. Трет ден никој не го гаси пожарот, има само две возила од електродистрибуција за да ја поправат струјата, затоа што струја нема и не се знае ниту кога ќе ја има“ вели Писарев.

Николиќ и општина Дојран се само дел од локациите каде во моментов беснеат пожари, а реакцијата на институциите и тука, слично како и во други општини е спора и несоодветна па локалните власти и месното население сами се снаоѓаат како знаат и умеат да се справат со пожарите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни