Како што соопштија од Федералната управа за воздушен транспорт (FAA), авионот слетал безбедно, но патниците се евакуирале преку крилата поради густио дим што излегувал од моторот. Во еден драматичен момент, патниците биле видени како стојат на крилото на авионот, додека од моторот излегувал густ дим.
„Сите 172 патници и 6 членови на екипажот успеаја безбедно да го напуштат авионот, иако шест патници биле пренесени во локална болница за понатамошни проверки“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
FAA веќе започна истрага за инцидентот, кој бил предизвикан од вибрациите на моторот што ги пријавила посадата. Според податоците на FlightRadar24, авионот бил опремен со два мотора CFM56, произведени во соработка меѓу GE и Safran.
American Airlines flight 4012 caught fire after an engine failed…. Plane was diverted to Denver.
— Alexandria Cullen (@AlexandriaCTV) March 14, 2025
My mom was on this flight. THANK YOU GOD that they are alive. pic.twitter.com/4wBsFlj4TU
Пожарот бил изгасен по пристигнувањето на авионот на аеродромот, и летовите продолжиле без прекин. Според изјавите на извршниот директор на „Американ Ерлајнс“, Роберт Исом, последните инциденти во воздухопловната индустрија заедно со тешките временски услови и економската несигурност негативно влијаат на побарувачката за патувања во САД.
Ова не е единствениот инцидент во последно време, бидејќи американската воздухопловна индустрија има серија на проблеми, вклучувајќи и судар на регионален авион на „Американ Ерлајнс“ со воен хеликоптер, при што загинаа 67 лица.