VIDEO: Оштетена славната палата Голестан во Техеран, објавени фотографии

Дел од палатата Голестан во Техеран, единствениот објект на УНЕСКО во иранската престолнина, е оштетен во воздушен напад. Иран најави извештај до УНЕСКО.

Делови од историската Golestan Palace во Техеран, единствениот објект од светско наследство на UNESCO во главниот град на Иран, се оштетени во воздушниот напад што, според иранските власти, го извршиле САД и Израел во ноќта кон понеделник.

Според соопштението на иранската влада, оштетени се дрвени врати, традиционални персиски прозорци познати како „орси“, како и делови украсени со декоративни огледала. Штетата ја потврдил и министерот за културно наследство, туризам и занаетчиство, Сејед Реза Салехи Амири, при неговата посета на комплексот на 2 март 2026 година.

Тој најави дека ќе биде изготвен официјален извештај за инцидентот, кој ќе биде доставен до УНЕСКО, оценувајќи дека нападот претставува кршење на меѓународното право.

Иранските власти соопштија дека музејските артефакти од палатата не се оштетени, бидејќи претходно биле преместени на безбедна локација. Преместувањето било спроведено по дванаесетдневната војна во јануари годинава.

Историски комплекс во срцето на Техеран

Палатата Голестан е историски комплекс од згради и градини, чија изградба започнала во времето на шахот Тахмасп I од династијата Сафавиди. Во периодот на династијата Занд накратко служела како резиденција на Карим Кан, а за време на династијата Каџар била значително проширена и станала дом на кралското семејство во новата престолнина.

Во времето на династијата Пахлави, комплексот се користел за официјални церемонии и приеми на претседатели и високи странски гости. На листата на светско наследство на УНЕСКО е впишан во јули 2013 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни