Преку 700 луѓе се повредени во експлозија во пристаништето во јужниот ирански град Бандар Абас, објавија иранските државни медиуми. Според последните информации, пет лица загинале. Експлозијата се случила во момент кога Иран започнал третиот круг преговори со САД во Оман за својот нуклеарен програм. Причината за експлозијата сè уште не е позната.
📹 لحظه انفجار در اسکله شهیدرجایی بندرعباس https://t.co/Ih5xvKoPBK pic.twitter.com/jJpFJtF4g8
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) April 26, 2025
„Причината за овој инцидент беше експлозија на неколку контејнери на докот во пристаништето Шахид Раджаи. Сега ја анализираме ситуацијата и ги пренесуваме повредените во медицински центри“, изјави локален функционер за управување со кризи за државната телевизија.
Повредени се 700 лица, објави агенцијата, додека претходно иранската телевизија пренесе дека „стотици се пренесени во медицински центри“.
Полуслужбената агенција Тасним објави дека пристанишните активности се суспендирани за да се изгаси пожарот и дека со оглед на големиот број работници на пристаништето, „многу луѓе во инцидентот веројатно се повредени или загинале“. Поради експлозијата, пукнале прозорски стакла во радиус од неколку километри, објавија иранските медиуми.
Снимките објавени на интернет покажуваат дека по експлозијата во пристаништето се формирал облак во облик на печурка. Во 2020 година, компјутерите во ова пристаниште беа мета на кибернапад. Според пишувањата на Вашингтон Пост, најверојатно одговорен е Израел, кој на тој начин одговорил на иранскиот кибернапад.