(ВИДЕО) Ниш ги пречека своите херои на велосипеди: Студентите Нада и Лав се вратија од патувањето до Стразбур

Со аплаузи, транспаренти и прегратки, голем број граѓани вчеравечер се собраа пред Народниот театар во Ниш за да ги пречекаат студентите Нада Јовановиќ и Лав Стојановиќ, кои со велосипеди преминаа над 1.400 километри до Стразбур.

Оваа несекојдневна авантура започна на 3 април, кога Нада и Лав, заедно со уште околу 80 студенти од цела Србија, тргнаа кон седиштата на клучните европски институции – Европскиот парламент, Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права. Таму лично им предадоа писма со кои сакаа да ја алармираат европската јавност за состојбата со демократијата и човековите права во Србија.

„Ова не беше само патување – ова беше порака. Гласот на младите мора да се слушне“, изјави Лав пред насобраните граѓани.

Пречекот во Ниш беше емотивен, со многу млади кои изразија почит за нивниот подвиг и симболичната борба за подобро општество.

Нада и Лав станаа симболи на генерација која одлучно и храбро го бара своето место и својот глас – дури и ако тоа значи да се вози 1.400 километри за да се биде слушнат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни