Видео: Невреме го збриша кампот „Чациленд“ во Белград

Невремето не го поштеди ниту кампот на поддржувачите на режимот, односно познатиот камп „Чациленд“ пред српското Собрание
Beograd 15.04.2025. Ćacilend 2.0. Podignuti šatori na platou ispred Skupštine Srbije, SNS šatori, Skupština Srbije, plato ispred Skupštine Foto: Goran Srdanov/Nova.rs

По Загреб, силно невреме попладнево го зафати и Белград.

Силни ветрови проследени со врнежи од дожд предизвикаа хаос во српскиот главен град.

На неколку локации има паднато гранки, превртени контејнери и канти за отпадоци и разнесена урбана опрема.

Но невремето не го поштеди ниту кампот на поддржувачите на режимот, односно познатиот камп „Чациленд“ пред српското Собрание.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како ветрот носи шатори (најверојатно празни) низ белградските улици.

„Чациленд“ инаку е попиларен термин за контрадемонстрантите кои себесеи се нарекуваат „Студенти кои сакаат да учат“ кои од од крајот на месец јуни подигнаа мини шаторска населба пред Собранието на Србија давајќи ѝ поддршка на актуелната власт предводена од Александар Вучиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни