Видео: Мече се спушта по дрво во Националниот парк Пелистер

На официјалната страница на НП Пелистер објавено е видео на кое се гледа како мечето слегува од дрво на висина од околу дваесетина метри.

Ренџерската служба на Националниот парк Пелистер денеска забележала младо мече на возраст од како што претпоставуваат, околу две и пол години.

На официјалната страница на НП Пелистер објавено е видео на кое се гледа како мечето слегува од дрво на висина од околу дваесетина метри.

Ова лето мечките немаат „трема“ од камерите и луѓето, а покрај Пелистер, претходниот месец изобилуваа десетици снимки на мечки на различни локации низ НП Маврово.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни