(Видео) Макрон доби „воспитна“ од својата сопруга Брижит

Кабинетот на Макрон првично ја негираше автентичноста на снимките и фотогафиите, но потоа тие беа потврдени како автентични

Канцеларијата на Емануел Макрон призна дека неговата сопруга Брижит го удрила за време на расправија, откако на снимката се гледа како првата дама го турка неговото лице настрана додека нивниот авион слетуваше во Виетнам.

Шокантното видео од инцидентот, снимено од новинската агенција Асошиејтед Прес во Ханој во недела навечер, ја покажува вратата од авионот на францускиот претседател како се отвора и го открива него, но и рацете на неговата сопруга Брижит кои завршуваат на лицето на Макрон.

Претседателот на Франција, прво изгледа изненаден, но брзо се опоравува и се свртува кон отворената врата. 

Потоа двојката се симнува по скалите за официјалниот пречек од виетнамските официјални лица, иако Брижит Макрон не ја зема подадената рака на својот сопруг.

Кабинетот на Макрон првично ја негираше автентичноста на снимките и фотогафиите, но потоа тие беа потврдени како автентични.

Близок соработник на претседателот подоцна го опиша инцидентот како безопасна „кавга“ меѓу двојката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни