Видео: Грета Тунберг ја бранеше Дошница од хидроцентрали

Тунберг беше пречекана со симболично играње на оро близу месноста Асан чешма, на патот кон ски-центарот Кожув

Грета Тунберг, познатата шведска активистка за климатски права, како што претходно најави денеска беше на блокадите на Кожуф планина.

Таа им даде поддршка на локалните еко-активисти кои се против изградба на мала хидроелектрана на реката Дошница.

Инаку, втор месец по ред траат блокадите а активисти го блокираат патот кон локацијата на која треба да се гради хидроелектраната.

Тунберг беше пречекана со симболично играње на оро близу месноста Асан чешма, на патот кон ски-центарот Кожув.

„Слушнав за вашата борба и решив да дојдам да ве посетам. Секоја локална борба е и глобална и сите овие битки против уништување на природата се поврзани и затоа секогаш ги поддржувам, исто како оние во Шведска. Ја жртвуваат планетата и еко системите, ја уништиваат природата”, им рече Тунберг на македонските активисти, пренесува Мета.мк

Таа не беше расположена за разговор со новинарите, туку повеќе се интересираше за активизмот на присутните и сакаше од нив да слушне за нивната битка за спас на Дошница.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни