Што се случува кога ќе го споите дивиот рок дух на Guns N’ Roses со ретро синтисајзер машина од 80-тите? Точно тоа можете да го слушнете во видеото во кое музиката на познатиот бенд е редизајнирана со помош на вештачка интелигенција (AI).
Запознајте ги Drums N’ Roses, велат креаторите на видеото, кои додаваат дека овој „бенд“ е замислен како вистински синтпоп бенд кој доаѓа, велат тие, директно од неонски осветлениот подиум за танцување и е преплавен со скршени срца.
Во ова видео, тие музички ги преосмислија иконските песни на GNR како што се Sweet Child of Mine, November Rain и Welcome to the Jungle со она што тие го нарекуваат аналогни синтисајзери и моќни ритам машини.