(Видео) Човек со часови стоеше залепен за бандера на плоштадот во Скопје барајќи правда за Кочани

Ова е прв пат во македонската современа историја некој на ваков начин да изрази револт за одреден проблем.

Млад човек со часови стои залепен со самолеплива лента на една од канделабрите на градскиот плоштад во Скопје.

Како што се гледа на видеото од Слободен Печат, човекот е качен на гајби и целосно облепен со самолеплива лента околу канделабрата.

До сега, нема информации што е мотивот за ваквата акција, а според информациите, човекот чека да дојдат повеќе новинари за да открие за што точно се работи.

Во кратка изјава за медиумите тој кажа дека е револтиран што медиумите и македонската јавност ја заборави тргаедијата од 16 март што се случи во Кочани.

Ова е прв пат во македонската современа историја некој на ваков начин да изрази револт за одреден проблем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни